Акција на инспекторите во Скопје: Отстранети нелегалните улични продавачи кај Клинички, Зелен пазар и Буњаковец


Инспекторатот на Град Скопје вчера спроведе координирана инспекциска акција на неколку локации во главниот град, во соработка со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Инспекторатот на Општина Центар.

Во рамки на акцијата биле отстранети нелегалните улични продавачи на локациите кај Клиничкиот центар, Зелениот пазар и Буњаковец.

Од Град Скопје информираат дека целта на контролите е воспоставување комунален ред, спречување на нелегалната трговија, заштита на јавните површини и обезбедување еднакви услови за сите трговци кои работат согласно законските прописи.

LANDOV Петров: Ако Бугарија продолжи со провокациите, договорот и протоколите треба да се преиспитаат
„Нема да дозволиме јавните површини да се узурпираат и да се користат за нелегална продажба“, порачуваат од Град Скопје.

Оттаму најавуваат дека контролите и координираните инспекциски активности ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почитување на законите на целата територија на градот.

Back to top button
Close