Трамп: Нема да ги укинам царините за Кина, за да го принудам Пекинг да седне на преговарачка маса
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да ги укине царините за Кина за да го принуди Пекинг да седне на преговарачка маса.

„Денеска рекоа дека сакаат да разговараат. Видете, Кина, и на мене не ми се допаѓа ова. Не сум среќен поради ова. Кина е целосно уништена. Нивните фабрики се затвораат. Нивната невработеност вртоглаво расте. Не сакам да ѝ го правам тоа на Кина сега. Во исто време, не сакам Кина да заработува стотици милијарди долари и да гради повеќе бродови, повеќе воени тенкови и повеќе авиони“ рече Трамп.
Тој навести дека може да ги намали царините за кинеските стоки во иднина, признавајќи дека сегашните стапки ја доведоа трговијата меѓу САД и Кина речиси до застој.
„Во еден момент ќе ги намалам бидејќи, во спротивно, никогаш не би можеле да соработуваме со нив, а тие навистина сакаат да соработуваат. Нивната економија е во колапс“,рече Трамп во телевизиско интервју за Ен-би-си њуз.
Трaмп минатата недела призна дека неговите царини би можеле да доведат до повисоки цени и намалена достапност на некои производи во САД. Американските деца можеби би можеле да имаат две кукли наместо 30, рече тој, инсистирајќи дека Кина ќе страда повеќе од САД од трговската војна.
„Знаете, некој рече: Што ако полиците се празни? Можеби децата ќе имаат две кукли наместо 30. Можеби тие две кукли ќе чинат неколку долари повеќе отколку што би чинеле вообичаено“рече Трамп