Руанда преговара за прифаќање на депортирани мигранти од САД, потврди министерот за надворешни работи на африканската држава
Руанда е во рана фаза на преговори за прифаќање на депортирани мигранти од САД, изјави руандискиот министер за надворешни работи Оливие Ндухунгирехе.
Во последните години, Руанда се позиционира како земја која прифаќа мигранти што западните држави би сакале да ги преместат од нивните територии. Во 2022 година, таа потпиша договор со тогашната британска конзервативна влада на премиерот Риши Сунак за прифаќање на илјадници баратели на азил во Велика Британија, но договорот беше откажан минатата година од новоизбраниот премиер од Лабуристичката партија Кир Стармер.
– Водиме разговори и со САД, изјави Ндухунгирехе во емисија на националната телевизија. „Сè уште не сме стигнати до фаза каде што можеме да зборуваме како ќе продолжат работите, но преговорите течат и се сè уште во рана фаза“, додаде тој.
Официјални претставници на САД и Руанда пред два дена Си-Би-Ес изјавија дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп преговара со Руанда за детали за евентуален договор за преземање мигранти депортирани од САД, вклучувајќи Африканци и мигранти од трети земји.