Костадинов до Ѓеоргиевски: Недостасува кадар во градинките во Струмица, зошто местата не се пополнуваат?
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов му се обрати на актуелниот претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓеорѓиевски со тврдење дека не се пополнуваат испразнети места во градинките и дека заради тоа во градинките има недостаток од кадар кој ќе ги чува децата.
„Никогаш до сега немало проблем за согласности и тоа за старо финансирање, да сега имаме недостаток од 30 негуватели и се загрозува процесот на згрижување на децата“, посочи Костадинов.
Реагираше и за повратот на ДДВ.
„И ако министерката за финансии е Алберт Ајнштајн нека направи проста математика и да одговори зошто не враќаат ДДВ 70 милиони денари за ЈП Струмица транспорт, прв град на Балканот со целосно електричен јавен превоз и на струмички компании кои имаат право на поврат на ДДВ “, додаде Костадинов