Британската полиција уапси осомничен за подметнување пожар во куќата на премиерот
Маж (21) е уапсен под сомнение дека е поврзан со серија на подметнати пожари, вклучувајќи го и пожарот во куќа во сопственост на британскиот премиер Кир Стармер, соопшти лондонската полиција.
Осомничениот е уапсен рано утрово под обвинение за палење со намера за загрозување на животот, пишува „Скај њуз“.
Како што беше објавено вчера, полицијата го истражуваше пожарот што ја оштети вратата од куќата на премиерот, а во инцидентот нема повредени