Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи

Главниот пат низ Галичник, кој се оштети и стана непрооден за автомобили кога дел пропадна во големо свлечиште на 26 април, сè уште е во истата состојба, а од надлежните нема ниту најава кога би можел да биде саниран.

Месната заедница од Галичник испратила допис до Општината Маврово и Ростуше, но оттаму стигнал одговор дека не се во можност да го решат проблемот. По ова, месната заедница ја замолила општината барем да испрати допис до Владата и до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со барање патот да се поправи.

Ова се случува на помалку од два месеца пред одржувањето на традиционалната Галичка свадба на 13 јули – централниот туристички настан на годината во Галичник, кога во селото доаѓаат голем број посетители, многумина од нив и од странство.

 

Back to top button
Close