(Видео) Драга Лу, татко ти не беше само татко на девојче со диијабетес туку и еден од најголемите Хрватски музичари

Драга Лу ☹️
во име на целата заедница на лица со дијабетес и локалитетот на инсулин, изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на вашиот татко, Матија
Татко ти не беше само татко на девојче со дијабетес – тој беше еден од најголемите музичари што Хрватска ги имала. Неговата музика остави неизбришлив белег, а вашата сила и нежност во приказните што ги споделивте со нас покажа колку е посебен како татко.
Во овие тешки моменти ви испраќаме прегратка, поддршка и многу љубов.
Вашиот најинсулински тим – и целата заедница на дијабетичари која стои со вас.
Лу е единствена ќерка на Матија Дедиќ син на легендарните Арсен и Габи Новак. Таа боледува од дијабетес 1 и охрабрена од нејзиниот татко заплива во музичките води да го продолжи делото на нејзините дедо и баба Габи и Арсен и нејзиниот татко Матеј.
Тој вчера почина ненадејно на 52 годишна возраст. Матија е единственото дете на Арсен и Габи. Во светот на музиката живее уште од неговото раѓање и својата кариера ја најде во светот на неговите родители,во музиката. Израсна во  исклучителен хрватски џез пијанист и композитор, роден во 1973 година во Загреб.
Познат е по својот виртуозен стил и спој на џезот со елементи на класичната музика и домашни музички традиции.

Back to top button
Close