Судот не најде злоупотреба при набавката на луксузното „Ауди“ на Рамиз Мерко

Рамиз Мерко, градоначалник на Струга доби ослободителна пресуда во случајот поврзан со набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра, поради недостиг на докази дека сторил кривично дело.

Судот утврди дека во процесот на јавната набавка нема докази кои укажуваат дека Мерко имал намера да ја злоупотреби својата службена положба. Неговиот адвокат, Игор Петковски, изјави дека пресудата покажува оти не било сторено никакво кршење на законот при набавката на службените возила, чие вкупна вредност изнесува 114.000 евра.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го товареше Мерко за злоупотреба на службена положба и овластување. Случајот доби дополнително внимание откако Мерко беше ставен на црната листа на САД поради, како што беше наведено, сериозни индиции за корупција и мешање во правосудниот систем.

Судот процени дека нема доволно основи за кривична одговорност во конкретниот случај на јавна набавка, со што Мерко е ослободен од обвинението.

Back to top button
Close