ВМРО-ДПМНЕ: Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите!
Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија.
Истовремено ги повикуваме СДС да запрат со прекиот суд, кој секој ден го прават, и растураат пердуви без воопшто да има докази за некој.
Институциите во случајот Кочани работат посветено и одговорно. За првпат во историјата на државата одговорност има за сите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: 4news.mk