Претседателката се сликаше со Макрон: Потребен ни е мир со природата

Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон кој е домаќин на глобален настан којшто треба да создаде основа за превенирање на далекусежни последици по иднината на светот, напиша на социјалните мрежи претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Заедно со голем број светски лидери, меѓу кои и претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, разговаравме за потребата од склучување мир со природата, како еден од главните предуслови за благосостојба на човештвото.

Му благодарам на претседателот Макрон за одличниот прием по повод третата конференција на Обединетите Нации за океанот, стои во нејзината објава на социјалните мрежи.

Извор: infomax.mk

Back to top button
Close