Стојановски по победата над Казахстан: Не игравме блескаво во второто полувреме, но имавме контрола
Одигравме две сосема различни полувремиња. По мечот со Белгија, кој беше исклучително интензивен, беше јасно дека не можеме да го одржиме истото темпо, изјави на прес-конференција Роберт Стојановски, кој ја водеше Македонија на натпреварот против Казахстан (0:1) поради суспензијата на селекторот Благоја Милевски.
На полувремето, вели тој, било договорено фудбалерите да бидат повнимателни и да ја сочуваат енергијата до крајот
– Не секогаш добрата игра носи победа – најдобар пример сме ние против Белгија или Велс. Можеби не игравме блескаво во второто полувреме, но имавме контрола. Знаевме точно каде е најголемата опасност од противникот и успеавме да ја неутрализираме, додаде Стојановски.