Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, во израелската операција чија цел беше да се спречи напредокот на нуклеарната програма на Иран, беа убиени неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници.

Досега е потврдно за загинување на следните лица:

-Хосеин Салами, командант на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC)

-Голамали Рашид, командант на Генералштабот на Хатам-ал Анбија

-Ферејдун Абаси, нуклеарен научник и поранешен шеф на иранската Организација за атомска енергија-Мохамед Мехди Техранчи, нуклеарен физичар поврзан со програмата за развој на нуклеарно оружје на Иран

 

-Мохамед Багери, началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран

Исто така, според ирански извори, Али Шамкани, висок советник на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, е тешко повреден.

Back to top button
Close