Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Aпелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“.

Како што информира Апелациониот суд, јавната седница за предметот против обвинетиот Нино Васев ќе се одржи во 10:30 часот, а седницата за организацискиот директор Нехат Нухи во 14 часот.

Основниот кривичен суд им одреди мерка „куќен притвор“ на двајцата поранешни директори, а Обвинителството незадоволно од одлуката најави жалба пред Апелациониот суд.

За предметот „Онкологија“, Основното јавно обвинилетсво поднесе две обвиненија со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози.

Back to top button
Close