Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж за регионот, денес таа е пример на застој

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска оцени дека државата наместо да работи на членството во Европската Унија, оди во изолација.
– Ова е историска грешка во движење — од патот кон Европа, кон една реалност на изолација. Северна Македонија некогаш беше пример на надеж за регионот. Денес, таа е пример на застој. Преговорите со ЕУ се блокирани. Уставните измени пропаднаа. Институциите молчат. А граѓаните ја плаќаат цената, рече Мурати на прес-конференција во Собранието.
Како што посочи, Албанија со отворени поглавја очекува членство во ЕУ до 2030 година, а Црна Гора е на истата патека, додека Северна Македонија е последна не затоа што нема капацитет, туку затоа што нема политичка волја.
– Европа е решението. Изолацијата е ризикот. Кој работи против Европа — работи против граѓаните. Кој ги блокира уставните измени — ја блокира иднината. Кој стои во место — ја губи историјата, рече Мурати.