ССМ: За два месеца минималната кошница е зголемена за 2007 денари
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во споредба со мај, покажуваат податоците што ги изработува Сојузот на синдикати на Македонија.
Според овие податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни изнесувала 64 698 денари, а со изнајмен стан од 60 метри квадрати 80 073 денари.
Зголемување од 733 денари има и кај храната и пијалоците во однос на мај. Пресметките на ССМ покажуваат дека за храна и пијалоци во јуни на едно семејство му биле потребни 23 167 денари.
„Имајќи ги во превид горенаведените податоци евидентно е дека откако завршија активните владини мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за два месеци е зголемена за 2 007,00 денари, додека кај храната и пијалоците за два месеци има зголемување за 1 678,00 денари“, велат од ССМ.