Невреме проследено со град го зафати Охрид попладнево

Денеска попладне, Охрид беше зафатен од силно невреме проследено со обилен дожд, град и засилен ветер. За само неколку минути улиците во градот беа под вода, а неколку возила се оштетени од големите ледени зрна.

На снимките може да се види дека градот кој паѓа е со големина на лешник.

Нема информации за повредени лица ниту за штети на автомобили и кровни конструкции.

Метеоролозите најавуваат нестабилно време и во наредните денови, со можни локални поројни дождови и грмежи. Се апелира до граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење на отворено за време на невреме.

Back to top button
Close