ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДСМ за градоначалници, синоним за неспособност, слаб рејтинг и послушност кон Заев

СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев.

Овие кандидати се директно избрани од Заев, а изгласани од Филипче и новото раководство на СДС кое беше трет и четврт ешалон во времето на Заев, односно деца и послушници на Заев. Оваа стратегија за изборите е правена од Заев и Филипче пред само некој месец кога говоревме дека овие двајца се во Дубаи, тогаш тие ковале план за Кочани да им биде таргет.

Очигледно е дека овие кандидати се ставени колку да не е без ич, со оглед на тоа дека и оние кои беа досега градоначалници од СДС, не направија ништо за своите општини, освен празнење на општинските каси, нула проекти и развојот одеше во надолна линија. Нивните општини стагнираа, а граѓаните беа оставени сами со своите проблеми.

Кандидатите и кадрите на СДС се добро познати по јавноста. Тепачи на жени, манипулатори, луѓе кои им велат на своите граѓани дека нема потреба да ги гласаат, луѓе кои се полни со скандали и криминал, едноставно луѓе без грам достоинство и срам.

Некогаш големата СДС, сега е пред распад. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на локалните избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close