Руската војска за еден ден собори 97 украински дронови
Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за воздушна одбрана собориле 97 украински дронови и четири водени бомби ЈДАМ за 24 часа.
-Оперативно-тактичката авијација, јуришните дронови, ракетните трупи и артилеријата на руските вооружени сили предизвикаа штета на производствените работилници, местата за склопување и складирање на јуришни дронови, магацините за муниција и воена опрема, се вели во соопштението на Министерството.
Според Министерството, напади биле извршени и врз привремени точки на распоредување на единици на украинските вооружени сили во 142 области.