​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

Силни експлозии се слушнаа вечерва во централниот и северниот дел на Техеран, јави Франс прес, на деветтиот ден од војната меѓу Иран и Израел.

Сè уште не е познато дали експлозиите се предизвикани од израелски напади или од оган од иранската воздушна одбрана.

Претходно, иранските медиуми објавија дека најмалку пет ирански војници се убиени денеска, а девет се ранети во израелски напад во западниот дел на Иран денес.

„Пет армиски офицери се убиени, а девет се ранети во денешниот напад на израелскиот режим врз градот Сумар“, во западната покраина Керманшах, објави локалната агенција Фарс, повикувајќи се на локалните власти.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close