Лидер на хутите: Одговорот на јеменските бунтовници хути на американскиот напад врз Иран е „само прашање на време“
Лидерот на јеменските бунтовници хути, Мохамед ал-Бухаити, утрово изјави дека одговорот на групата на нападот на САД врз Иран е „само прашање на време“.
Тој за Ал Џезира изјави дека договорот за прекин на огнот со Вашингтон е потпишан пред „војната“ против Иран.
Групата извршува напади како знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа за време на израелската војна. Во мај, јеменските бунтовници хути постигнаа договор за прекин на огнот со САД, во кој се предвидува дека ќе престанат да напаѓаат американски бродови во замена за прекин на бомбардирањето на Вашингтон врз нив.