Нов топлотен бран – температурите до 40 степени, опасно високо УВ зрачење
Од утре нашата земја повторно влегува под влијание на жешка воздушна маса од Африка, поради што температурите значително ќе се зголемат и на некои места ќе достигнат дури до 40 степени Целзиусови.
Времето ќе биде сончево, многу топло и сушно, а УВ индексот ќе биде многу висок и опасен по здравјето, предупредуваат метеоролозите.
Во сила се сите стандардни препораки за заштита од топлотни удари:
Избегнувајте престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, освен ако е неопходно.
Консумирајте многу течности, избегнувајте алкохол и газирани пијалаци.
Јадете лесна и свежа храна, богата со витамини.
Облекувајте се со лесна, широка и светла облека, и не заборавајте капа и очила за сонце.
Хронично болните лица треба редовно да ја земаат својата терапија и по можност да остануваат во затворени, разладени простории.
Надлежните апелираат на внимание и грижа особено за децата, возрасните и хронично болните лица, бидејќи температурите во следните денови ќе создадат екстремни услови за престој на отворено.
Извор: mk.tv21.tv