ВИДЕО: Драма на плажа во Грција, се појавија темни перки!

Вистинска драма се одвиваше вчера на плажата во Неа Пори, едно од омилените летувалишта за македонски и српски туристи, откако неколку темни перки се појавија во плитките води, недалеку од пловките, предизвикувајќи паника меѓу капачите.

На прв поглед, сцената наликуваше на сцена од трилер – перките тивко се пробиваа низ морската површина и се приближуваа кон брегот. Дел од капачите, мислејќи дека станува збор за ајкули, започнаа брзо да излегуваат од водата.

Но по неколку моменти следеше олеснување – се испостави дека перките ѝ припаѓаат на група љубопитни делфини кои само се приближиле до обалата, што предизвика воодушевување меѓу присутните.

Турист од Србија го сними целиот настан, а видеото веќе се шири по социјалните мрежи. На снимката јасно се гледаат неколку делфини како мирно пливаат во плиткото море, додека туристите со радост ги набљудуваат од безбедна оддалеченост.

Експертите потсетуваат дека делфини не се невообичаена појава во Егејското Море, особено во утринските или попладневните часови кога морето е смирено. Тие се показател за чиста и еколошки здрава морска средина, што уште еднаш ја потврдува природната вредност на Неа Пори и нејзината атрактивност како дел од Олимписката ривиера, пишува СД.рс

4news.mk

Back to top button
Close