Се судрија мотоцикл и камион во Скопје, 40-годишник е тешко повреден
МВР информира дека вчера попладне во 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. „12 Македонска бригада“ и ул. „Илија Димовски-Гице“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „там“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(40) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје