Малолетник со камен по глава удирал сосед во скопско Батинци – пресметка заврши со тешки повреди
Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против две лица – татко и син – осомничени за тешко насилство, како и против еден малолетник, поради брутален физички напад во скопското село Батинци.
Според обвинителството, 41-годишен маж заедно со синовите, од кои едниот има 18, а другиот само 15 години, настанале пред семејната куќа на оштетениот поради претходна расправија со малолетникот. Тројцата започнале со закани, кои потоа прераснале во физичко насилство – жртвата била удирана со тупаници и клоци по главата и телото, по што паднала на земја.
Најтешките удари ги нанел 15-годишникот, кој додека оштетениот лежел на земја, го удирал и со камен по главата, предизвикувајќи му тешки телесни повреди, вклучително и фрактури.
Во обид да го заштити, сопругата на оштетениот легнала врз него, а на местото на настанот реагирале и децата и соседите. Според Обвинителството, со ова насилство било предизвикано чувство на страв и несигурност не само кај семејството, туку и кај жителите на околината.
Поради сериозноста на делото и ризикот од повторување, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двете полнолетни лица, додека постапката против малолетникот се води според Законот за правда за децата.
Истрагата е во тек