Мотоциклист од Негорци прегази скопјанка во Дојран
МВР информира дека вчера во 11.45 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(43) од с. Негорци, гевгелиско, удрил во 60 – годишната Ј.Н.Ј. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Н.Ј. и мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија