Оставка на ирскиот министер Дара Калири-ги прекршил вонредните мерки против коронавирусот
– Ирскиот министер за земјоделство Дара Калири поднесува оставка затоа што присуствувал на јавен собир со повеќе од 80 лица.
Со присуството на настанот тој ја прекршил пропишаната вонредната мерка во борбата против ширењето на коронавирусот, јавуваат ирските медиуми.
Очигледно, на тој собир бил присутен и еврокомесарот за трговија Фил Хоган, пренесуваат британските медиуми.
Според весникот „Ирски егзаминер“, на вечерата организирана од голф-клубот на ирскиот Парламент имало повеќе од 80 гости, сегашни и поранешни политичари.
Калири претходно, без задршка, се извини за присуството на настанот.
По објавувањето на овие информации и извинувањето на Калири на Твитер, за кратко време на неговиот налог се појавија голем број лути реакции од граѓаните. сд/