Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц / фото: Wikipedia
Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените во преговарачката рамка. Јас сум пријател на Бугарија
На прашањето на дали сегашната влада на Северна Македонија навистина сака да ги спроведе промените од преговарачката рамка и да стане членка на ЕУ, Вајц одговорил дека не знае, но она што го знае е дека мнознството во ЕП сака да ја поддржи земјата и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој.
– Знам дека и јас самиот се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија – изјави тој.
На прашањето дали Мицкоски „спровел организирана кампања во Брисел“ за да влијае врз документот, Вајц одговорил дека ја работи својата работа врз основа на фактите и што е можно пообјективно.
– Мојата единствена задача е да анализирам каде се наоѓа земјата во однос на европското право, владеењето на правото, независноста на судството, медиумите… И токму тоа го направив во овој извештај – додаде тој.
За тоа дали Европскиот парламент и АФЕТ имаат надлежност да го валидираат јазикот и/или идентитетот, Вајц посочи дека овој извештај е за состојбата на земјата во процесот на пристапување.
– Да, дел од тие вредности е правилното вклучување на малцинствата. Во овој случај, имаше многу дебати за вклучувањето на бугарската заедница, што е одразено во текстот. Но, покрај тоа, како што реков, станува збор за државата, за владеењето на правото – ова е процес базиран на заслуги, а билатералните прашања треба да се решаваат меѓу самите земји – изјави тој.
Во однос на тоа дали ова е билатерално прашање или прашање на ниво на цела ЕУ, известувачот на ЕП одговори дека во сегашната геостратешка реалност, Европејците мора да бидат обединети и да го стават она што ги обединува на прво место.
– Ова ќе ни помогне да продолжиме заедно напред. Се сметам за голем пријател на земјите од Западен Балкан, како и за голем пријател на Бугарија. Мислам дека ако го ставиме она што нè обединува на прво место, тоа ќе биде во најдобар интерес на нашите земји и нашите народи – заклучи тој.
На прашањето дали лично бил под влијание на Мицкоски или други европски лидери, Вајц одговори со категорично „не“.