Претседателот на НСП: Не се знае дали министерот сака да го приватизира или однесе МЗШВ во стечај – Како магично се префрлаат членови од еден во друг синдикат?
Веројатно по примерот на приватизираните фирми кои пред неколку децении заминаа во стечај, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по недоразбирањата со нас, си направил синдикат САДУ, кои од 23 члена сега има 354 и е најброен во рамките на МЗШВ, пишува на Фејсбук претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов.
Како што вели Ефремов не се знае дали министерот сака да го приватизира, или да го однесе Министерството во стечај.
– Не знаеме дали на Министерот планот му е да го приватизира Министерството или да го однесе во стечај, но како Независен синдикат на полицијата, ниту едното ниту другото нема да му го дозволиме.
Проблемите не се решаваат самите од себе ако ги ставиме под тепих или ако се правиме дека не ги гледаме, а уште помалку ако си правиме илузија со креирање на синдикат кои има повеќе членови од лајкови на фејсбук, стои во објавата, каде Ефремов ги нагласува и лошите услови за работа на шумската полиција.
– Шумската полиција се уште нема бенифициран стаж, нема униформа, нема возила, нема нов Колективен договор иако сето ова им беше ветено пред изборите во Кавадарци, но затоа има оружје старо по 70-80 години кое никој не знае дали функционира и не дај Боже да дојде ситуација да треба да се употреби, пишува Ефремов.


