„Парадоксот на Грејсленд:  навигирајќи ја неизвесноста“ вечерва во МСУ во рамки на Крик

КРИК фестивал за критичка култура со задоволство Ве поканува на отворањето на изложба, курирано водење и разговор „Парадоксот на Грејсленд:  навигирајќи ја неизвесноста / Graceland Paradox: Navigating Uncertainty”.

Уметници: Фани БудуроглуРања ЕманоилидуЛиа Псома (Грција,) Билал Јилмаз  (Турција)

Кураторка: Лидија Хатсијакову (Грција)

Датум: среда, 25 јуни, 2025

Отворање: 20:00 часот 

Курирано водење: 20:10 – 20:40 часот

Модерирана дискусија: 20:40 – 21:20 часот

Место: Музеј на современа уметност во Скопјe

Времетраење на изложбата: 26 јуни – 17 август 2025 година 

Летната програма на КРИК 2025, под наслов „Преобразба”, ја заокружуваме со изложбата „Парадоксот на Грејсленд: навигирање на неизвесноста”, курирана од грчката кураторка Лидија Хацијакову (Солун), чија работа гравитира околу улогата на уметноста како алатка за општествени промени, релацијата помеѓу уметноста и технологијата, уметноста и екологијата, уметноста и современата улога на занаетите.

Во „Парадоксот на Грејсленд”, уметниците Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду и Лиа Псома се осврнуваат на испреплетените кризи на климатскиот колапс, раселувањето и технолошко-социјално отуѓување како симптоми на доцниот капитализам. Нивните хибридни фигури и пејзажи се движат помеѓу пропаста и обновата, потсетуваат и на последиците од катастрофата и на можноста за пофер и инклузивна иднина.

Направени од биопластика, глина, кристализирана хартија и ризоми, нивните дела ги доведуваат во прашање бинарностите помеѓу човекот и нечовечкото, природата и машината, отпорот и контролата.

Уметникот Билал Јилмаз е гостин, кој го проширува ова истражување низ призмата на политичка акција и опсервацијата, поканувајќи ги гледачите да се спротивстават на приливот на манипулирани медиуми и да ги прифатат сликите и дејностите кои инспирираат вистинска промена. Во центарот на изложбата е ставена „Лабораторијата” која го отвора креативниот процес на уметниците – активен простор за замислување нови форми, нови материјали и алтернативни иднини. Тука, експериментирањето станува форма на отпор, а самото уметничко дело станува жив двигател на трансформација.

Западната научна парадигма можеби ни овозможи да го разбереме светот како систем од специјализирани области на знаење на начин што овозможи рационализација, специјализација и раст; во исто време, сепак, тоа нè наведе и да ги занемариме меѓусебните врски меѓу луѓето, општествата и екосистемите.

Спротивно на тоа, Фани БудуроглуРањја Емануилиду и Лиа Псома не нагласуваат и одвојуваат, ниту даваат приоритет на еден симптом пред друг. Човечките, нечовечките и хибридните фигури во нивните дела живеат во недефинирани услови – можеби во контекст во кој се видливи последиците од некоја катастрофа, или, пак, во контекст во кој се наѕира можноста за спекулативна, поизбалансирана иднина – поттикнувајќи ги гледачите да размислуваат за причините, последиците и можностите. Процесот на идентификување на овие состојби станува, едновремено, и процес на размислување и реализација за капиталистичкиот ќорсокак, додека изложбата како целина станува вежба на имагинацијата за можни – дистописки или утописки – иднини. Оваа спекулативна димензија е дополнително надополнета и проширена од уметникот Билал Јилмаз, поканет да се придружи на изложбата во Скопјe. Неговото дело се потпира на акутните мобилизации низ целиот свет, вклучително и оние во Северна Македонија, каде што луѓето излегоа на улиците за да протестираат.

По курураното водење низ изложбата, следи кратка дискусија со уметниците, придружени од Владимир Јанчевски (куратор, МСУ – Скопје), Ана Микоњати (кураторка, Национален музеј на современа уметност, Атина ) и Тули Мисироглу (Уметничка директорка, МoMus), модерирана од кураторката Лидија Хацијакову.

Изложбата е поддржана од MOMus Метрополитенска организација на музеи на визуелни уметности на Солун, Министерство за култура и туризам на Северна Македонија и Амбасада на Република Грција во Скопје.

Изложбата е организирана во партнерство со Музејот на современа уметност – Скопје.

КРИК – Фестивал за критичка култура е финансиски поддржан од програмата „Култура и креативност за Западен Балкан”, Гете-институтот, Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и програмата Креативна Европа на Европската комисија, финансирана од Европската унија.

Оваа издание на фестивалот е дел од проектот Re-Imagining Europe: New Perspectives for Action. Проектот е дел од програмата на Креавитна Европа за 2021-2027.

Back to top button
Close