Косово го забрани увозот на овци и кози од Северна Македонија поради ризик од сточни болести

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово (AHV) денеска соопшти дека привремено го забранува увозот на живи овци и кози од Северна Македонија поради потврда за присуство на болеста „син јазик“ кај добитокот во Северна Македонија.

AHV ги повика сточарите да ги држат своите стада под надзор, да не ги пуштаат во граничните зони со Северна Македонија и да избегнуваат контакт со животни од таа земја.

Најчувствителни на овој вирус се овците, по што следуваат козите и говедата.

AHV нагласува дека оваа болест не се пренесува од животни на луѓе, ниту директно од животно на животно.

Back to top button
Close