Левица поднесе интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Пратеничката група на Левица денеска поднесе интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обвинувајќи го за селективно постапување, политички влијанија и пропусти во работењето на Јавното обвинителство.

Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција посочи четири основи за интерпелацијата:

Селективна истрага за трагедијата во Кочани, при што, според Левица, се таргетирале само поранешни функционери, а се изземале актуелни лица од одговорност.

Политички притисоци врз обвинителството, што, како што рече Јанчев, се потврдило преку јавниот судир со Владата и повлекувањето на иницијативата за смена по отворањето предмети против кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Хаос во Вишото обвинителство во Скопје, за кое беа споменати случаи на компромитирани обвинители што, според Левица, укажуваат на институционално распаѓање.

Игнорирање на пријавите за дивоградби во Чаир, и покрај, како што наведоа, јавно обелоденети докази од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

„Коцевски е персонално одговорен за состојбите, согласно Законот за јавно обвинителство“, рече Јанчев, најавувајќи дека по изгласување, заклучокот ќе биде доставен до Владата за понатамошна постапка за смена.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close