Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа
Случајот со Невена Спасеска по втор пат се најде во Собранието. По пратеничката Иванка Василевска која обвини за корупција во судството, сега и пратеничката Славјанка Петровска упати пратенички прашања до Министерството за труд и социјална политика за нивната пасивност и незаинтересираност да ја спречат корупцијата и да ги заштитат мајката и детето, пренесе а1он.мк
„На почетокот на месец мај во јавноста се појави една мајка на 4 годишно детенце која ја раскажа голготота низ институциите вклучително и судските инстанци и изјави дека неправедно поради корупција, влијаниеја и притисоци старатеството и било одземено. Таа јавно упати апел, мајчински крик до сите институции да застанат и да размислат што прават и дека нивна должност е да се грижат за доброто на детето, а не да спроведуваат друга политика. Како министер и министерство одговорноста е да се грижи за заштита на децата, да гарантира дека одлуките особено од меѓуопштинските центри за социјална работа да бидат во интерес на децата , заради заштита на нивното ментално и физичко здравје и дека ќе бидат заштитени од секаква можност од нивно трауматизирање.
Но за жал овој случај покажува дека не е така. Службеници од меѓопштинскиот центар во Скопје ги газат овие начела, интересот на малото дете го тргнаа настрана и постапуваат спротивно на судско решение. Судот ја има задолжено мајката на 30 јуни да го предаде детето, спротивно на ово вработени во меѓуопштинскиот центар во Скопје на 19 јуни со присуство на полиција и тоа интервентна се обидуваа да го земат детето спротивно на насоките на судот. Моето прашање е дали министерот ќе постапи според надлежностите и дали ќе бидат санкционирни, ова своеволие на корумпираните службеници со цел да се заштити здравјето на ова дете“, праша од собраниската говорница Славјанка Петровска.
…