(ВИДЕО) Кузеска: Спрема ли МВРО-ВМРО злоупотреби со личните карти пред избори?

„Непосредно пред локалните избори, во време кога рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво паѓа, а довербата во институциите е сериозно нарушена, МВР тајно започнала процес за нов систем за издавање лични карти. Последните јавно достапни информации говорат дека веќе е ангажира фирма, без било какво искуство во оваа област. Замислете, досега правела студии за отпад и стадиони. Сега треба да направи студија за систем со највисок степен на доверливост – издавање на лични карти и пасоши“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска.

Вели дека „Понатаму, во тендерската документација не се бара безбедносен сертификат за лицата што ќе имаат пристап до податоците. Што е крајно сомнително и несоодветно. Нема гаранција ниту за заштита на доверливи податоци на државата и граѓаните. Зошто? Сè ова се прави без транспарентност, далеку од очите на јавноста и крајно сомнително“.

„После сите скандалозни тендери во МВР, после целиот процес на партизација на оваа институција, селективната правда и заштитата на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. МВРО-ВМРО сака да го централизира целиот систем – од производство до издавање документи – без контрола, без надзор, без јавност, без сертификати. Тоа не е модернизација, тоа е рецепт за злоупотреба. Се поставува прашањето дали ова значи дека повторно се подготвуваат сценаријата како од времето на Никола Груевски, кога МВРО-ВМРО масовно издаваше незаконски лични карти и спроведуваше незаконско гласање? Бараме итни одговори од министерот Тошковски“ рече Кузеска.

Прашува „Зошто се ангажира фирма без релевантно искуство и без безбедносен сертификат? Кој може да гарантира дека нема да има масовно издавање нови документи непосредно пред изборите и злоупотреби?“

Back to top button
Close