Мециновиќ: Дали енергетскиот систем се води во крах за да се оправда негова потенцијална приватизација
На седницата за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, се обрати до заменик-министерот за енергетика, Мирослав Лабудовиќ, укажувајќи на сериозна загриженост поради хавариите во електроенергетскиот систем, зголемената енергетска зависност и драматичниот раст на долгот на АД ЕСМ.
Во врска со последната хаварија во РЕК Битола, Мециновиќ ги посочи информациите и сомнежите од јавноста дека можеби не станува збор за технички дефект, туку несоодветно и сомнително постапување.
„Вработени во РЕК Битола, кои се административни работници, биле принудени да учествуваат во чистење на РЕК Битола на прашина и пепел. Тоа е драматично затоа што прво е погазување на работничките права. Второ, е драматично затоа што фирма доби тендер од 2,5 милиони евра, за вршење на тие дејности, формирана два месеци пред тоа, притоа без историја за вакви дејности.“
Заменик-министерот Лабудовиќ повторно избегна да даде суштински одговор