Повеќе општини пријавиле штети како последица од невремето попладнево
Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на Македонија, во повеќе општини има пријавено штети.
РЦУК – Скопје, известува имале повеќе пријави паднати дрвја на различни локации во градот, скинати жици од ЕВН и кабелските оператори, паднати бандери, затната канализациска мрежа и повеќе населби и улици во Скопје се без електрична енергија или немаат една фаза.
РЦУК – Тетово, ја пренесува информацијата од ТППЕ- Тетово пријавиле шест технички интервенции кои биле за одстранување на паднати дрва по попладневното невреме проследено со силен ветер и краткотрајни врнежи. За паднати дрва од ТППЕ Тетово интервенирале на четири локации од кои на улица Бане Стефаноски кај старата детска градинка има и оштетено неколку ПМВ за што е извршен и увид на лице место од страна на крим техника од ПС Тетово, исто како и на локација кај штуловиот факултет каде што исто така има оштетено ПМВ , додека интервенирале и за паднати дрва кај млекарата во Тетово и кај средното текстилно училиште на улица Благоја Тоска.Во одстранување на паднатите дрва интервенирале и од ЈКП Тетово. Од ТППЕ Тетово командирот извести дека интервенирале и за поплавена улица и подвозник на улица Гостиварска за изцрпување на водата и исто така со општински багер и екипа од четири пожарникари интервенирале на локалниот пат помеѓу селата Бродец и Шипковица каде што патот бил блокиран од надојдена вода, земја и камења како последица од невремето и неочистени канали .Патот е очистен по 19.00 часот и проодноста е нормализирана.
РЦУК – Штип, известува дека поради засилен ветер во Штип беа пријавени повеќе проблеми со искрење и запалување на кабли поради меѓусебно допирање. За сите добиени пријави (ул. Димо Хаџи Димов, Радански пат, Битолска) се известени ЕВН.
По пријава за паднато дрво на коловоз кај с.Истибања, Општина Виница известени се ПС Виница кои преземаат мерки за надминување на ситуацијата.
По пријава за паднато дрво на коловоз кај гратските гробиш-та, известени се СВР ЦИК Штип кои презедоа мерки за обезбедување на сообраќајот надминување на ситуацијата.
РЦУК – Битла, известува како резултат на поројниот дожд и силен ветер ги ималае слените пријави во градто Прилеп:
–По пријава за искрење на жици на ул. Александар Македонски бр.237. Во Прилеп, Интервенирале 2 Пожарникари со 1 ПП возило.
–По пријава за искрење на жици на ул. Крагуевачка бр.21. Во Прилеп, Интервенирале 2 Пожарникари со 1 ПП возило.
–По пријава за паднато дрво на автомобил на ул,Александар Македонски кај Каса Гранде во Прилеп ,Интервенирале 2 Пожарникари со 1 ПП возило.
–По пријава за искрење на жици на ул. Марко Цепенков бр.42. Во Прилеп, Интервенирале 2 Пожарникари со 1 ПП возило.
РЦУК – Струмица, известува дека како резултат на неверемто кое го зафати подрчјето на Општина Радовиш ТППЕ Радовиш интервенираат на отстранување на паднати дрва во Радовиш на 3 места кај спортската сала ,на бул.Александар Македонски помеѓу зградите и во центарот на градот кај Халк Банка. На терен се 4 пожарникари, по потреба ќе интервенираат и други.