ДУИ: Ја следиме координираната кампања за дискредитација на последниот попис
Соопштение на Дуи
Демократската унија за интеграција со длабока загриженост ја следи координираната кампања за дискредитација на последниот попис на населението, процес кој беше законски, транспарентен и целосно мониторирани од домашни и меѓународни набљудувачи.
Оваа кампања не е случајна. Таа е дел од поширок обид за ревизија на сите постигнувања од последната деценија, за организирање нов попис според нови политички агенди, со цел враќање на системската нееднаквост.
Тоа е опасен обид за поткопување на темелите на соживот, за реализација на етноцентристички и aлбанифобски агенди и за рушење на кревките меѓуетнички односи.
ДУИ остро го осудува овој процес и порачава дека секој што ќе се обиде да го загрози уставниот поредок, Охридскиот договор, етничката еднаквост и соживотот, ќе сноси политичка, правна и морална одговорност.
Нема да дозволиме децениски напори да бидат поништени. Мирот, еднаквоста и соживотот се црвени линии, зад кои ДУИ секогаш ќе стои цврсто.