Нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8, договорија Николоски и Караџов

Да се одржи нова средба во периодот што следи со цел заеднички да се усогласи текстот на Договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел што треба да ги поврзе Македонија и Бугарија, со цел придвижување на работите за реализација на железничкиот Коридор 8. Ова е договорено на денешната средба меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, што се одржа во рамки на форумот „Глобална Транспортна Поврзаност“ што се одржува во Истанбул.

Двајцата вицепремиери и министри за транспорт ја истакнаа неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, а посебен акцент ставија на железничкиот и патниот Коридор 8, како преедуслов за реегионален економски развој и олеснување на транспортот и трговијата.

„Потенцирајќи го прашањето за железничкото поврзување меѓу двете земји, двајцата колеги се согласија дека овој проект има регионална димензија, со што се наметнува и стратешкото позиционирање на НАТО Алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното Море“се вели во соопштението од Министерството за транспорт.

Николоски и Караџов се догорија да испратат експерти што ќе учествуваат на состанокот за Коридор 8 во организација на Европската комисија во јули годинава.

Инаку, министерот досега неколку пати изрази очекување дека дијалогот со Бугарија за изградба на железничкото поврзување во рамки на Коридорот 8 ќе продолжи и дека Софија ќе покаже подготвеност за овој проект како што тоа го прави земјава.

Back to top button
Close