Путин: Новите руски региони до 2030 година треба да го достигнат руското просечното ниво на квалитет на живот

 

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека руските власти континуирано се занимаваат со прашањата за реконструкција и развој на „новите региони на Руската Федерација“.

– На дневен ред се прашањата за реконструкција и развој на економијата, транспортот, социјалната и другата инфраструктура на Донецка и Луганска Народна Република, како и на Херсонска и Запорошка област. Со оглед на обемот и посебното значење на оваа работа, редовно се враќаме на ова прашање, посочи Путин за време на сесијата посветена на социо-економскиот развој на така наречените нови субјекти на Руската Федерација.

Тој постави цел Донецка и Луганската народна република, како и Херсонска и Запорошката област до 2030 година да го достигнат просечното ниво во сите клучни индикатори во Русија, вклучително и квалитетот на животот.

– Ова вклучува изградба или реконструкција на образовни, културни, здравствени и спортски објекти, како и развој на патишта, станбени и комунални услуги, комплетна социјална инфраструктура и создавање нови работни места со пристојни плати, истакна Путин.

Тој додаде дека руските власти планираат да реконструираат дополнителни 9.600 километри патишта во Донбас и Новоросија.

Back to top button
Close