Закажување на венчавка и пријавување новороденче ќе се врши онлајн, најави Андоновски

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека ќе се отворат терминали за услуги, на кои граѓаните ќе имаат пристап до основните услуги, како и закон за пристапност на лица со попреченост до веб страниците и до мобилните апликации на институциите.

За една година има нови 120 дигитални услуги, намалени се гужвите по шалтерите, најбараните услуги за граѓаните се на дофат побрзо и поефикасно, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

– Бројката се зголемува од 1.000 на 6.000 трансакции месечно, а тоа многу јасно зборува дека луѓето ги користат електронските услуги многу повеќе од што ги користеле во минатото. Истовремено, можам да забележам дека гужвите на шалтерите, барем во Управата за водење на матични книги, не се ништо споредено со она какви беа минатата година. Наша задача е сите услуги од оваа управа, како венчавка, регистрација на новороденче, па и закажувањето на венчавка, да го пренесеме на националниот портал uslugi.gov.mk. Ние имаме ветено во програмата на партијата, дека една од првите услуги коишто ќе бидат крупни и дигитализирани е регистрацијата на новороденче и до крајот на годината и таа ќе ја решиме – рече Андоновски.

Министерот истакна дека се работи на владина апликација која ќе биде апликација за сите граѓани, во која ќе се има пристап до сите услуги кои ги нуди националниот портал.

– Со апликацијата, имаме идеја да се симне во телефоните на луѓето и практично да имаат можност да ги користат овие дигитални алатки, електронската верзија на личната карта и возачката дозвола и електронските услуги. Одлуката да имаме една апликација е со цел на таа апликација да се влечат сите услуги од здравство, административни услуги и други – соопшти Андоновски

Back to top button
Close