СДСМ: Очекувавме Кос да го истакне она што ЕУ го има потврдено во сите документи и договори – дека македонскиот јазик и идентите се целосно признати
Соопштение на СДСМ
Очекувавме еврокомесарката Кос да го истакне она што ЕУ самата го има потврдено во сите документи и сите договори, а тоа е дека македонскиот јазик и идентите се целосно признати од Унијата. Ова е неспорен факт, ние како граѓани на Македонија знаеме кои сме, што сме и од каде потекнуваме. Како јазикот, така и идентитетот се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ.
Не сметаме дека еврокомесарката имаша лоша намера, но апелираме да кога се говори за чуствителни прашања и теми кои за за жал непотребно се отвораат иако се јасно затворени, треба да се биде внимателен во изјавите.