Куртоа: Важно е дека Мбапе се врати
Екипата на Реал Мадрид со победата од 1:0 над Јувентус успеа да се пласира во четвртфиналето од Светското клупско првенство на ФИФА. Единствениот гол го постигна Гонзало Гарсија на почетокот на вториот дел, но сепак враќањето на Килијан Мбапе на теренот неколку минути подоцна го привлече вниманието слично како и при постигнувањето на голот.
– Важно е дека Мбапе се врати. Колку повеќе играчи имате во составот тоа е подобро, особено ако е тоа играч како Мбапе, изјави голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа.
Голманот на „кралскиот клуб“ не штедеше пофални зборови и за 21-годишниот Гарсија кој на досегашниот дел од натпреварувањето постигна три голови. Реал Мадрид во четвртфиналето на 5.јули (сабота) ќе игра против Борусија Дортмунд.