Марковски со Јовиќ изборија четвртфинале во двојки на турнирот во Куршумлијска Бања
Обрад Марковски и Никола Јовиќ остварија победа со неверојатен пресврт во решавачкиот сет и стигнаа до четвртфиналето во игра на двојки на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања. Тие ги елиминираа четвртите носители Алехандро Банкалари и Николас Виљалон Валдес од Чиле со победа од 2:1 во сетови.
Првиот сет им припадна на тенисерите од Чиле со 6:3 во гемови, а македонско-српската комбинација го доби вториот сет со 7:5 во гемови. Во решавачкиот сет Марковски и Јовиќ беа во негатива од 0:4, но потоа направија серија од 10 поени и сетот го завршија со 10:4 на поени.
Утре во четвртфиналето Марковски и Јовиќ ќе играат против тенисерите од Аргентина Лоренцо Гиљермо и Шин Хес.