Змија во авион на лет од Мелбурн


Лет на Virgin Australia од Мелбурн до Бризбејн (VA337) беше одложен два часа откако беше откриена змија во товарниот простор на авионот.

„Непоканетиот гостин“ беше забележан додека патниците се качуваа, а професионалниот ловец на змии Марк Пели веднаш беше повикан на местото на настанот. Тој првично мислеше дека е отровен вид.

Имаше само една шанса

„Дури откако ја фатив, сфатив дека не е отровна. Дотогаш ми се чинеше многу опасно“, изјави Пели за локалните медиуми.

Подоцна беше објавено дека е фатена безопасна зелена змија (Dendrelaphis punctulatus), долга 60 сантиметри, која била скриена зад панел во темниот дел од товарниот простор.

Пели рече дека имал само една шанса безбедно да го отстрани влекачот пред да се скрие подлабоко во авионот, објави Sky News.

„Змиите се многу брзи, витки и агилни“, објасни тој.

Дали змијата избегала од багажот?

Тој ги предупреди техничките и кабинскиот персонал дека патниците ќе мора да бидат евакуирани ако змијата избега. За среќа, успеал да ја фати од првиот обид, спречувајќи голем инцидент.

Се верува дека змијата, која е заштитен вид и потекнува од регионот Бризбејн, најверојатно избегала од багажот на патникот.

„Не е вообичаено да се најдат во авиони“, додаде Пели.

Поради строгите правила за карантин, влекачот не може да се врати во дивината. Моментално е лекуван од ветеринар во Мелбурн, кој ќе му најде дом со лиценциран чувар на змии.

Back to top button
Close