Наут со спанаќ, домати и јајца на око

Здрав, брз и вкусен оброк за двајца – совршен за лесен ручек или вечера!

Состојки (за 2 лица):

3 лажици маслиново масло

1 мал кромид (ситно сечкан)

240 г варен или конзервиран наут

200 мл доматен сос

100 г млад спанаќ

1 и ½ лажичка луто-слатка црвена пипер

2 јајца

Малку сечкан магдонос

сол по вкус

 

 

 

Начин на подготовка:

 

Загрејте масло во тава и пропржете го ситно сечканиот кромид додека не омекне.

Додадете го исцедениот наут и кратко запржете. Потоа ставете го спанаќот и доматниот сос.

Зачинете со луто-слатка црвена пипер и сол, динстајте неколку минути со мешање, додека состојките не се спојат во вкусна целина.

Направете малку простор и внимателно скршете ги јајцата врз смесата. Поклопете и оставете да се готви 2–3 минути, сè додека белката не се згусти, а жолчката остане течна.

Посипете со свеж магдонос и послужете веднаш – најубаво со препечен леб од страна.

 

Лесно, здраво и заситува

Back to top button
Close