Русија одобри испитување на вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“

 Фармацевстката компанија „АстраЗенека“ доби одобрение за спроведување на третата фаза од испитувањето на потенцијалната вакцина против Ковид-19, АЗД1222 во Русија.

Одлуката денеска е внесена во рускиот регистер за клинички испитувања.

Во испитувањето ќе учествуваат 150 лица, а ќе биде спроведено во четири медицински установи во Санкт Петербург и во Москва.

Претседателот Владимир Путин на 11 август изјави дека Русија ја регистрирала првата вакцина против новиот коронавирусот. Вакцината е создадена во Центарот за истражување Гамалеја.

Back to top button
Close