Израелската војска го опколи Беит Ханун од сите страни

Војската го опколи Беит Ханун „од сите страни“, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), бригадниот генерал Ефи Дефрин, откако синоќа беа убиени пет војници во заседа во градот во северниот дел на Газа.

– Беит Ханун е утврдено подрачје, каде што сè уште има десетици терористи. Сè уште има многу подземни тунели кои мора да ги урнеме, рече тој.

– Ќе продолжиме да напаѓаме и да го чистиме подрачјето за да ја отстраниме заканата за жителите на западниот дел на Негев, изјави Дефрин, истакнувајќи дека од Беит Ханун се гледаат неколку погранични градови, вклучувајќи го Сдерот, и железничка линија.

Најмалку пет израелски војници загинаа, а 14 биле повредени во експлозија на бомба што синоќа се случила покрај пат во Беит Ханун, северна Газа, соопшти претходно израелската војска

Back to top button
Close