Удрен пешак на пешачка патека во скопската населба Геге
На 11 јули 2025 година, во 18:12 часот, во населбата Геге, скопско, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот З.А. од Скопје, удрило во пешакот С.Ј. (25). Лицето е удрено додека се движело по пешачка патека
Повредената била префрлена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.