(Видео) Бугарија врши притисок како Русија врз Украина. Мицкоски за барањето да се извини
Целта на Бугарија е до европартнерите и до НАТО да испратат порака преку која ќе нѐ обвинуваат нас ние сме виновниците, вели премиерот Христијан Мицкоски по барањата од Бугарија за извинување и острата реторика кон Македонија. Според Мицкоски, светот и Европа виделе која е целта на Бугарија.
„Целта не се разликува во ништо од целта на руското раководство во за Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и идентитетски инженеринг, нешто што најмалку треба да се случува во 21 век во Европа и тоа од земја членка во ЕУ. Наместо да подадат рака, да нѐ поддржуваат во патот, што е дел од Договорот за добрососедство, еве гледате.. Целта не е стотици граѓани да бидат дел од Уставот, туку е подлабока и поопасна“, рече Мицкоски.
Според него, ЕУ го губи имиџот со Бугарија, поради однесувањето кое го има источниот сосед.
Извор: skopje1.mk