Куновска размислува за „независна“ кандидатура за Центар но прифаќа и подршки од партии

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од СДСМ а сега жесток критичар на партијата и како вели социјалдемократ во душа го замрзна членството но не ја враќа книшката во партијата.

Претпладнево, на емисијата Стадион на радио Канал 77 најави дека размислува да се кандидира за градоначалник на општина Центар како „независен“ кандидат но конечна одлука сеуште не донела.

Најавата дека наместо шпекулациите дека ЗНАМ со поддршка на ВМРО – ДПМНЕ ќе застане зад Куновска да му се спротивстави на актуелниот градоначалник Герасимовски кој повторно ќе влезе во трка за нов мандат како кандидат на СДСМ, со денешната изјава на Куновска како „независен“ кандидат во целост не ја потврди шпекулацијата дека Знам го бара од ВМРО ДПМНЕ местото градоачалник на Центар но остава простор дека ќе трча како независна но со подршката на Знам и ВМРО ДПМНЕ.

-Секако ќе ја прифатам поддршката и од нив и од сите други партии и здруженија кои ќе ми понудат поддршка, рече Куновска на прашањето на водителот дали ќе ја има поддршката од ЗНАМ и ВМРО – ДПМНЕ како што се шпекулираше во медиумите.

-Знам имаа повеќе грешки но тие се млада партија создаваат нешто ново  различно од двете поголеми партии беше одговорот на Куновска на прашањето што мисли за Знам партија на нејзиниот пранешен сопартиец Максим Димитриевски. Изборите се во октомври и времето ке покаже дали „независната“Куновска имала искрена намера како независен кандидат да даде свој удел во промена на политичката сцена или сепак ќе трча „независно “ а ветер во грб сепак ќе и даваат Знам и ВМРО ДПМНЕ поточно ќе бидее нивниот кандидат кој ке се обиде да ги развласти социјалдемократите во Центар.

Back to top button
Close