ВРЕДИ: По 30 години, првпат тенорот Мустафа Имери именуван да раководи со Филхармонијата

Срамно и за жалење е начинот на кој ДУИ, во отсуство на аргументи, се обидува да ја измами јавноста со клевети и невистини.
Јавноста заслужува факти, а не лаги за политички цели.
За 20 години на власт, ДУИ ја претвори дискриминацијата во институционален стандард. Еве само еден пример: Филхармонија
Вработени:
115 Македонци (96%)
5 Албанци (4%)

Ова се официјални и проверливи податоци, реален одраз на негрижата и намерниот неуспех што им беше нанесен на Албанците поради валкани коруптивни зделки, без ни најмала грижа за албанското прашање.

ВЛЕН ја иницираше промената и отвора нови патишта за претставување на Албанците во важни културни и државни институции.
Вреди да се напомене дека од постоењето на државата, две од најпрестижните културни институции, Опера и Балет како и Филхармонијата, беа затворени тврдини за Албанците. Со децении, на ниту еден Албанец не му беше дозволено да раководи со ниту една од нив. Дури со доаѓањето на ВЛЕН во владата беше срушен овој ѕид на дискриминација: по 30 години, за прв пат, Албанец е именуван да раководи со Филхармонијата, и тоа познатиот тенор Мустафа Имери.

ВЛЕН не клевети. ВЛЕН делува. ВЛЕН го прави промената!

 

ВРЕДИ 

Back to top button
Close